ПЕЈАЧКАТА НА „СМУТ ОПЕРАТОР“ НАПОЛНИ 67 ГОДИНИ После долга пауза Шаде сними песна за поддршка на својот трансродов син

Познатата пејачка чии песни ги обожававме во 80-тите и 90-тите, исчезна од јавноста за да му биде поддршка на својот син покрај кого беше во најтешкиот период од неговиот живот, додека минуваше низ операцијата со која го смени полот и од Микаилија „Ила“ Аду, стана Исак Тео Аду. Погледнете го спотот за песната „Young Lion“ посветена на Исак. Шаде денес (16 јануари) полни 67 години

51

Хелен Фоласаде Аду, попозната како Шаде Аду (67), е британско-нигериска пејачка и фронтменка на култната група Шаде, која стана симбол на софистицираниот соул-џез и R&B звук од 1980-тите и 1990-тите.

Родена е на 16 јануари 1959 година во Нигерија, а се преселила во Англија со мајка ѝ и брат ѝи откако нејзините родители се развеле.






Студирала моден дизајн во Лондон пред да влезе во музичкиот свет, пишува Britanicca.

Шаде почнала да пее со бендот Pride за време на студентските денови, а подоцна формирала бенд со композиторот и мултиинструменталист Стјуарт Метјуман и други музичари кој го носел нејзиното име.

Албумот „Diamond Life“ (1984) брзо станал класик и се продал во повеќе од 10 милиони примероци низ целиот свет, носејќи му на бендот голема слава и хитови како „Smooth Operator“ и „Your Love Is King“.

Нејзиниот стил комбинира елементи на соул, фанк, џез и афро-кубански ритми во софистициран звук кој веднаш ја привлече публиката и критичарите. Бендот и пејачката освоија бројни награди, вклучувајќи неколку Греми награди во текот на нивната кариера.

Живот надвор од рефлекторите

Иако беше една од најпознатите пејачки на својата генерација, Шаде секогаш негуваше дискреција во врска со својот приватен живот и често се повлекуваше од јавноста. Во подоцнежните години, таа го ставаше семејството и личниот живот пред кариерата со полно работно време во музиката, што се одрази и на ретките музички објави и јавни појавувања.

Според медиумите, Шаде сè уште живее мирен живот надвор од музичкиот свет, подалеку од очите на јавноста, посветувајќи се на личните интереси и семејството.

Шаде Аду има син по име Исак Тео Аду, кој е роден како женско (Микаилија „Ила“ Аду), во 1996 година од Шаде и музичарот Боб Морган. Исак е трансродов маж и јавно зборуваше за своето транзициско патување, борбите со идентитетот и менталното здравје.

Во повеќе наврати Исак Тео Аду истакнуваше колку му била клучна поддршката од неговата мајка, особено во најтешките времиња. Шаде речиси целосно исчезна од јавноста со години за да му се посвети нему, што е една од главните причини за нејзината долга пауза од музиката.

Исак е активен на социјалните мрежи, отворено зборува за ЛГБТК+ правата, искуствата на трансродовите лица и важноста на семејната поддршка. Нивната врска често се наведува како пример за силна, безусловна врска.

И покрај ретките албуми и повремените музички паузи, Шаде и денес е ценета поради нејзината автентичност, елеганција и уникатен глас, а нејзината музика живее, речиси четири децении откако започна нејзиниот музички подем, пишува Britanica.

Песна за поддршка на синот и на транс и небинарната заедница

Кон крајот на 2023 година Шаде ја објави песната „Young Lion“, која беше пошироко претставена во јавноста на почетокот на 2024, како дел од хуманитарно-уметничкиот музички проект „Transa“, посветен на транс и небинарната заедница.

Шаде ја напиша песната за својот син, Исак Тео Аду.

„Young Lion“ е интимна, тивка балада во која пејачката отворено зборува за мајчинската љубов, поддршката и прифаќањето, а самиот наслов е порака на охрабрување и гордост упатена кон нејзиниот син. Погледнете го и спотот за истата кој е полн со фотографии од приватниот живот на мајката и синот.

Исак е активна на социјалните медиуми, отворено зборувајќи за ЛГБТК+ правата, искуствата на трансродовите лица и важноста на семејната поддршка. Нивната врска често се наведува како пример за силна, безусловна врска.
И покрај ретките албуми и повремените музички паузи, Саде денес е ценета поради нејзината автентичност, елеганција и уникатен глас, а нејзината музика живее, речиси четири децении откако започна нејзиниот музички подем, пишува Britanica.

Поврзани содржини