ПЕЈАЧКАТА НА ПОПУЛАРНИОТ БЕНД ИТНО ОПЕРИРАНА На Инстаграм објави мистериозен пост
Пејачката на „Флоренс енд д Машин“, Флоренс Велч (36), откри дека имала операција што и го спасила животот и тоа само шест дена откако откажала низа концерти.
Пејачката на „Флоренс енд д Машин“, Флоренс Велч (36), откри дека имала операција што и го спасила животот и тоа само шест дена откако откажала низа концерти. Музичарката се огласи на Инстаграм, каде со своите обожаватели сподели зошто ги откажала настапите.
View this post on Instagram
Таа призна дека „сè уште не е доволно силна“ за да го опише своето искуство, но ги уверила обожавателите дека ќе настапи во Португалија на 1 септември. Таа, исто така, таинствено додала дека сака песните што ги изведува на нејзината турнеја „Dance Fever“ да бидат „помалку точни во своите предвидувања“.
Пејачката пред шест дена откри дека по „совет на лекар“ нејзиниот бенд нема да настапи на фестивалот „Цирих опен ер“ и „Рок ен Сена“.
View this post on Instagram
„Многу ми е жал што морав да ги откажам последните неколку настапи. Моите стапала се во ред, но завршив на итна операција од причини што сè уште не можам да ги споделам со вас, но тоа ми го спаси животот. И јас ќе ја завршам мојата турнеја „Dance Fever“ во Лисабон и Малага (можеби единствено нема да скокам како обично, но вие тоа можете да го направите за мене).
Доволно е да кажам, би сакала моите песни да бидат помалку точни во своите предвидувања. Но, креативноста е начин на соочување, митологијата е начин да се пронајде смисла. А мрачната приказна за Дејв Фајвер, со сите свои чудни пророштва, ќе ми ја даде потребната сила и катарза“, напиша мистериозно на својот инстаграм-профил.