ПЕЈАЧКАТА ИЗГЛЕДА КАКО СТАРЛЕТАТА Мадона обвинета за копирање на Ким Кардашијан (ФОТО)

865

 

Американската пејачка Мадона ги налути своите следбеници објавувајќи фотографија на Инстаграм, која речиси очигледно е „фотошопирана“.






Тоа беше повод за непристојни споредби со старлетата Ким Кардашијан.

„Мадона Кардашијан?“, „Престани да ја имитираш Ким. Дали заборави дека си Мадона?”, „Не треба да ги обработувате вашите слики со ’фотошоп‘, тоа е смешно!” „Што се случи со вистинската Мадна?“ – беа дел од коментарите.

Во „скандалозното“ селфи, пејачката гледа во камерата, облечена во розова проѕирнa маица преку која се гледа нејзината долна облека. А горе, како „да нема образи“ – буквално триаголно лице, но важно, со изразени, бујни усни.

Следачите и обожавателите веднаш се поделија на „за“ и „против“ селфито на Мадона, но на повеќето не им се допадна изменетиот изглед на русокосата поп-ѕвезда. Ја обвинија дека претерала со пластичните хируршки зафати или дека ја обработувала фотографијата со фотошоп.

Мадона обвинета за копирање на Ким Кардашијан – МИА

Поврзани содржини