ПЕЈАЧКА ПОЧИНА ВО ТУРЦИЈА ПО ПЛАСТИЧНА ОПЕРАЦИЈА НА ГРАДИТЕ И НОСОТ Ана претходната вечер пиела алкохол со хирургот

Нејзината смрт предизвика шок, особено по тврдењето дека вечерта пред операцијата ја поминала во алхоколизирано излегување со својот хирург.

2,230

Пејачката Ана Барбара Бур Булдрини починала од срцев застој неколку часа откако била подложена на естетски зафати во една болница во Турција. Нејзината смрт предизвика шок, особено по тврдењето дека вечерта пред операцијата ја поминала во алхоколизирано излегување со својот хирург, пишува „Дејли мејл“.

Ана Барбара (31) минатиот петок отпатувала со својот сопруг, уметникот Елгар Мајлс, од Мозамбик во Истанбул за да се подложи на зголемување на градите, липосукција и операција на носот. Како што Мајлс изјавил за бразилскиот медиум „О Темпо“, зафатите биле дел од договор за промоција на болницата „Туса“.






„Сакаше да го подобри својот изглед, тоа беше нејзиниот сон“, рекол Мајлс.

Парот, кој се венчал пред само еден месец, наводно излегол со хирургот кој требало да ги изврши зафатите во сабота навечер, објавува бразилскиот „Г1“. Ана и Елгар првично побарале операцијата да се одложи, за да имаат уште еден ден за подготовка и одмор.

„Поради проблеми со распоредот, хирургот одлучи да ја помести операцијата за една недела“, рекол Мајлс. „Ја посетивме клиниката само за обиколка, но лекарот инсистираше да ја направи процедурата веднаш, иако Ана не беше подготвена.“

И покрај излегувањето претходната вечер, Ана Барбара била убедена да продолжи со операциите.

„Лекарот ми гарантираше дека нема да има проблем и дека сè ќе биде во ред“, рекол Мајлс.

Зафатите биле извршени, а Ана излегла од оперативната сала околу 23 часот во неделата. Потоа Мајлс добил фотографија која, наводно, ја прикажувала неговата сопруга како се опоравува.

Персоналот му соопштил дека сè уште е под анестезија и дека наскоро ќе се разбуди. Меѓутоа, како што времето поминувало, забележал дека однесувањето на персоналот се менува.

„Ми рекоа да одам во собата, но асистентите се однесуваа чудно. Чекав еден час и 15 минути за да ја добијам назад“, рекол Мајлс. „Се симнав долу и еден лекар ми рече дека нејзиното срце чука многу бавно, додека друг рече дека веќе починала.“

Турската полиција ги привела лекарите на сослушување, но подоцна биле ослободени.

Во изјава за медиумот „Туркие тудеј“, болницата „Туса“ тврди дека немало пропусти во лекувањеето и дека персоналот направил сè што можел за да ја спаси пејачката.

„И покрај сите напори на нашиот стручен тим за анестезиологија, не можевме да ја реанимираме пациентката“, се вели во соопштението на болницата.

 

Поврзани содржини