ПЕЈАЧИТЕ Ѝ ДОЛЖАТ 90.000 ЕВРА НА МАРИНА ТУЦАКОВИЌ Нејзиниот син нема да им го прости долгот

Според српски „Блиц“, музичарите ѝ должеле на Марина повеќе од 90.000 евра.

2,383

Хитмејкерот Марина Туцаковиќ неодамна почина по долга и тешка болест, а сега сите зборуваат за музичарите кои ѝ должеа пари откако им напиша хитови.

Кога дознала дека боледува од рак и почнала да се бори за сопствениот живот, Марина се откажала од идејата да ги наплати сите долгови, па престанала да ги „брка“ пејачите кои ѝ должеле пари.






Меѓутоа, Туцаковиќ наводно имала тетратка во која сѐ запишувала, од тоа кој купил нејзина песна, кој плаќал на рати и до кој ѝ останал должен.

Се шпекулира дека музичарите ѝ должеле над 90.000 евра, а иако таа се откажала од наплатувањето на долгот поради болеста, нејзиниот син Милан Радуловиќ Лаќа наводно нема намера да биде дарежлив, пишуваат српските медиуми.

„Марина многу водеше сметка за тоа на кого му продала кој текст, кој и кога ѝплаќал, сѐ запишуваше со години, практично откако започна да пишува песни. За таа тетратка знаат и нејзиниот сопруг Фута и синот Лаќа, а како што слушам, нејзиниот син не сака никому да му прости ниту динар затоа што знае колку ја болело Марина што не ја почитувале кога и` било најважно, ниту ѝ се јавуваа да прашаат како е и дали би можеле да го исплатат долгот на рати, иако знаеле дека и` требаат пари за лекување. Многу нервозна за овие долгови и никогаш не разбра како некој без срам може да се преправа дека е глупав, па дури и да не ѝ се јави и да и` се извини. Таа напиша сериозни хитови на кои сите овие пејачи собраа големи пари, а ѝ останаа должни“, изјавил за „Стар“ извор близок до семејството на Марина.

 

 

Поврзани содржини