ПЦР ТЕСТ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА СОЈОТ ОМИКРОН Од Сингапур доаѓа најновото оружје против пандемијата

Тоа значи дека се можни три вида резултати од тестот: позитивен на коронавирус и на oмикрон, позитивен на коронавирус, но негативен на oмикрон или целосно негативен, објасни авторот на проектот.

290

Биотехнолошката компанија со седиште во Сингапур, BioAcumen Global, создаде специјален ПЦР тест кој може да ја одреди варијантата на коронавирусот oмикрон, објави денеска сингапурскиот весник „Стрејтс тајмс“.

Тоа значи дека се можни три вида резултати од тестот: позитивен на коронавирус и на oмикрон, позитивен на коронавирус, но негативен на oмикрон или целосно негативен, објасни авторот на проектот.






Во моментов, при спроведување на традиционалните ПЦР тестови се неопходни дополнителни истражувања за да биде откриена новата варијанта. Ова во просек трае уште еден ден, објаснуваат експертите. Со новиот развој, на специјалистите ќе им бидат потребни само неколку часа за да го потврдат или негираат присуството на oмикрон.

Компанијата истакна дека веќе започна со масовно производство на тестови, кои првично ќе се користат на граничните премини во земјава.

Досега во Сингапур се регистрирани три увезени случаи на инфекција со oмикрон.

Поврзани содржини