ПЦР ТЕСТ ЗА 1.900 ДЕНАРИ „Аџибадем Систина“ ги намали цените за тестирање за ковид-19

Достапен е и фамилијарен пакет за тестирање над три члена од семејството по цена од 1.600 денари по лице.

393

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги намали цените на тестовите за детекција на присуство на коронавирусот (PCR) и антигенскиот тест.

„Аџибадем Систина“ им излегува во пресрет на сите кои имаат потреба во овој период од тестирање, па новата цена на PCR-тестот изнесува 1.900 денари. Достапен е и фамилијарен пакет за тестирање над три члена од семејството по цена од 1.600 денари по лице.






Дополнително болницата нуди и пакет групно тестирање за над 30 членови за компании каде цената за еден тест чини 1.500 денари, доколку тестирањето се одвива во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Нудиме и опција на групно тестирање (повеќе од 30 лица) на терен каде цената изнесува 1.800 денари.

Во дијагностичките лаборатории на „Аџибадем Систина“ се нуди и брз антигенски тест по промотивна цена од 900 денари по лице. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со најголема приватна лабораторија на Балканот и е единствена во која се изведуваат сите видови тестирања за kовид-19.

Резултатите се издаваат истиот ден, а тестирањата се без закажување.

За граѓаните кои имаат потреба од брзи резултати достапен е и ургентниот PCR-тест по намалена цена од 7.000 денари. Резултатите се добиваат за 2 часа.

 

Поврзани содржини