Пчели лазат по телото на Анџелина Џоли (ВИДЕО)

Актерката се фотографираше за списанието „National Geographic“ покриена со вистински пчели, а, како што рече, не се истуширала три дена за да не ги одбива пчелите со мирис на шампон и сапун.

434

Американската актерка Анџелина Џоли се приклучи на иницијативата за заштита на пчелите, со цел да се нагласи важноста на нивното зачувување и да се поддржат жените кои се занимаваат со пчеларство.

Tаа се фотографираше за списанието „National Geographic“ покриена со вистински пчели, а, како што рече, не се истуширала три дена за да не ги одбива пчелите со мирис на шампон и сапун.






– Беше прекрасно да се биде поврзан со овие прекрасни суштества. Ми ставија нешто во носот и ушите за да не влегуваат во сите отвори во моето тело – рече Џоли, која морала да нанесе феромони за да привлече пчели пред снимањето.


Фотографот Ден Винтерс изјавил дека фотографирањето на актерката траело 18 минути, а за тоа време таа морала да биде потполно мирна додека инсектите се движеле по неа, па дури и кога една од пчелите ѝ влегла во фустанот.

За време на снимањето, сите освен актерката биле во заштитни одела, а таа била совршено мирна.

Во март годинава Анџелина Џоли беше прогласена за кума на програмата „Жени за пчелите“, што е во заедничка организација на УНЕСКО и компанијата „Герлен“.

Поврзани содржини