ПАЗИ КАДЕ ГАЗИШ Рачна бомба ги вознемири жителите на Крива Паланка

Според соопштеното од Регионалниот ЦУК - Велес, добиена била информација за пронајдено експлозивно неексплодирано убојно средство на улицата Партизанска бр. 1 во Демир Капија.

129

Неексплодирана рачна бомба била пронајдена вчера на улица во Демир Капија, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според соопштеното од Регионалниот ЦУК – Велес, во 13.05 часот на 112, добиена била информација за пронајдено експлозивно неексплодирано убојно средство на улицата Партизанска бр. 1 во Демир Капија.






„Од ЦУК веднаш се информирани ПС – Неготино и ДЗС – Неготино, ДЗС – Гевгелија. Во 16.15 часот, опасното неексплодирано убојно средство е безбедно подигнато, отстрането, од страна на пиротехничар“, појаснуваат од ЦУК.

Поврзани содржини