ПАЗЕТЕ ДА НЕ СЕ НАВЛЕЧЕТЕ! Носот станува зависен по предолга употреба на капки или спреј
Сите ги користиме, а дури и не сфаќаме дека предизвикуваат силна зависност за која никој не зборува. Капките или спрејовите за нос може да ве вовлечат во маѓепсан круг.
Многу луѓе посегнуваат по капки за нос или спрејови кога ги мачи затнат нос, без оглед дали е поради настинка, алергии или синузитис.
Според Клиниката Кливленд, овие производи често содржат активни состојки како оксиметазолин или ксилометазолин, кои брзо ги стеснуваат крвните садови во носот и го олеснуваат дишењето. Сепак, ако се користат подолго од препорачаното, тие можат да доведат до посериозни проблеми.
Експертите не ги сметаат овие капки за зависност во класична смисла, како што е тоа случај со дрогите, но нивната продолжена употреба може да создаде физичка зависност, наречена ринитис медикаментоза или rebound феномен, односно, повратна затнатост.
Ова значи дека носот станува „зависен“ од спрејот за да остане одзатнат, па луѓето често ги користат капките подолго и почесто отколку што треба, само за да можат нормално да дишат.
Зошто се случува ова?
Кога се користат предолго, назалните деконгестанти предизвикуваат реакција во носната слузница што резултира со сè потешка и честа конгестија штом лекот престане да делува, па корисникот повторно го користи спрејот за да добие олеснување. Овој маѓепсан круг може да трае со денови, недели или дури години, пишува Клиниката Кливленд.
Симптомите што се јавуваат кога некој премногу често користи назални капки може да вклучуваат:
засилена затнатост на носот по прекинувањето на употребата, чувство дека не може нормално да се дише без спрејот, течење на носот и зголемено отекување на слузницата и потреба сè почесто да се користи спрејот.
Овие симптоми не се ист вид зависност како психоактивните лекови, но чувството на принуда повторно да се користи спрејот може да биде многу силно.
Совети од корисници на платформата Редит
На Reddit, една корисничка напишала за своето искуство со капките за нос: „Здраво на сите. Со месеци сум зависна од капки за нос поради алергии и настинки. Дали имате некои предлози за полесен начин за откажување? Ви благодарам однапред!“
Корисниците ги споделија своите совети и искуства во коментарите, при што некои дури наведоа до 10 или повеќе години секојдневна употреба, чувствувајќи се како да не можат нормално да дишат без нив, додека други ги опишаа типичните симптоми на „rebound“ реакција: тежина во носот, непријатност и потреба постојано да се користат капките.
– Престанете да ги ставате во едната ноздра, во другата ставајте. Нема да можете да дишете низ неа некое време. Кога ќе се навикнете на таа прва ноздра, престанете да го ставате и во другата.
За жал, за оваа зависност не се зборува многу, но е честа појава. Со среќа!
– Прво префрлете се на детски со помала концентрација на активната состојка, а потоа обидете се ноздра по ноздра.
– О, мојот пријател зема капки за нос речиси две години. Со среќа.
– Јас ги земам речиси 17 години… Ужасно е, не можете нормално да функционирате без нив. А за парите што ги потрошив на сите тие спрејови, лесно можев да направам ласерска операција на синусите.
Иако капките и спрејовите за нос можат брзо да ги ублажат симптомите на затнат нос, нивната долготрајна прекумерна употреба може да доведе до физичка зависност и влошување на симптомите. Експертите препорачуваат ограничување на употребата на неколку дена и користење алтернативи доколку е потребно, како и консултација со лекар за долгорочно решение.