Пазарете за продолжениот викенд, скенирајте во рок од три дена и ќе добиете поврат од 100 отсто на ДДВ

В.д. директорот на УЈП денеска појасни дека само сметките од купените домашните производи и компјутерската опрема ќе имаат поврат од 100 отсто на ДДВ.

738

Граѓаните имааат рок од три дена да ги скенираат фискалните сметки од купените производи во текот на „Викендот без ДДВ“( 10, 11,12 октомври) за да го добијат целиот износ на пресметаниот данок односно 100 отсто. Доколку скенирањето на сметката од пазарењето идадени во продолжениот викенд го направат по рокот од три дена тогаш ќе добијат поврат на ДДВ во износ од 20 отсто како што е вообичаено. Ова на прес конференција денеска го соопшти в.д. директорот на Управата за јавни приходи Фарук Омери.

Тој појасни дека граѓаните во дновите на викендот без ДДВ треба да купуваат само домашни производи за да добијат 100 поврат на ДДВ.






– Исто така акцент е даден и на компјутерската опрема која во фискалните сметки ќе де регистрира како домашен производ, бидејќи во овој период компјутерскатс опрема е неопходна. Враќањето на ДДВ ќе биде 100 отсто – рече Омери.

Омери додаде дека враќањето на ДДВ од скенираните сметки направени во текот на продолжениот викенд ќе се изврши во период од 15 дена од скенирањето, односно до крајот на месецот.

Тој апелираше трговците видно да ги означат домашните производи, а до граѓаните апелираше доколку не добијат валидна фискална сметка да се обратат во УЈП.

Омери додаде дека нема сознанија за зголемување на цените на компјутерите и опремата, но рече дека инспекциските службиу ќе бидат на терен и ќе ги санкционираат ваквите појави.

В.д. директорот на УЈП смета дека трговците сео бврзани да ги спроведат протоколите за да не се создаваат нови кластири на заразени со ковид-19 поради мерката „Викенд без ДДВ“.

Поврзани содржини