Пазарете со платнена торба и со свои садови, зашијте, поправете, пренаменете,…

„Татко ми и натаму мисли дека ништо нема да се смени во светот ако земам пластична кеса, дел од семејството ме поддржува, на дел му прогледувам низ прсти, но на пазарите и во продавниците сум немилосрдна“, вели Андријана Папиќ Манчева, обучувач на курсот во најава - „Од нула до поодржливо живеење“ и главен ‘виновник’ за македонското издание на книгата „Дом со нула отпад“ од Беа Џонсон. Со неа зборувавме за тоа што значи практикувањето на живот со нула отпад

1,349

Деновиве случајно наидовме на најавата за курсот „Од нула до поодржливо живеење“, во чија најава, меѓудругото, пишува: Патот кон целта наречена нула отпад започнува од нас самите, чекор по чекор. Ја побаравме Андријана Папиќ Манчева, обучувач на курсот, инаку, главен ‘виновник’ за македонското издание на книгата „Дом со нула отпад“ од Беа Џонсон (позната како жената која со семејството годишно прави само една тегла отпад) и ја прашавме како таа се навлекла на оваа тема и на нејзиното практикување во секојдневниот живот.

„Заборавете на таа една тегла ѓубре годишно, колку што прави Беа со своето семејство! Имаме еден куп рефусни намирници на пазар, треба само попаметно да пазариме – со торби, тегли и торбулиња и да го купуваме само она што навистина ни треба“, вели Андријана која силно верува во моќта на поединецот да ја зачува животната средина такашто ќе прави помалку ѓубре.






По професија е преведувачка по англиски и француски јазик. Дипломирала на Катедрата за превод и толкување при Филолошкиот факултет во Скопје пред малку повеќе од десет години и оттогаш преведувањето и јазиците ѝ се испреплетуваат во сè што прави, вклучително и во работата во ХЕРА (Асоцијација за здравствена едукација и истражување), кадешто работи како координаторка за комуникации.

Интервјуто со Андријана прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини