ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ОСТВАРИ ВРСКА СО ВМРО-ДПМНЕ Изборниот закон ќе се менува во три фази?
Во првата фаза да се донесат измените на Изборниот законик, со кои Македонија ќе биде една изборна единица и ќе се укине избониот праг.
Во Собранието на Република Македонија денеска се одржа средба помеѓу Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и Антонио Милошевски.
На средбата, Трајанов ги презентираше ставовите на Демократскиот сојуз во врска со реформите на изборните правила, кои треба да се одвиваат во три фази.
Во првата фаза да се донесат измените на Изборниот законик, со кои Македонија ќе биде една изборна единица и ќе се укине избониот праг.
Во втората фаза, да се направат коренити реформи на изборните правила, со кои ќе се отстранат системските предности на четирите партии, посебно во врска со медиумското претставување и финансирање на изборната кампања од Буџетот на државата и трета фаза во која се предвидени уставни промени со кои ќе се намали бројот на пратеници од 120 на 90, како определба на Демократскиот сојуз за рационализација не само со намалување на бројот на пратеници, туку и бројот на министерствата, бројните агенции, регулаторни тела и сл.
Од Демократскиот сојуз очекуваат наскоро да започне парламентарната расправа за измените на Изборниот законик, кои се веќе во парламентарна постапка.