Со објава на својот профил на Фејсбук, поранешниот пратеник Павле Богоевски денеска јавно се извини затоа што учествувал во ширењето лажна вест за новинарот Бранко Героски.
Ден пред извинувањето, Богоевски ја објави лажната вест дека „додека Сашо Мијалков бил во бегство, му испратил смс-порака на Геро“. Лажната вест Богоевски ја надградил со прашање „дали Героски ја пријавил пораката и комуникацијата со лице кое тогаш било недостапно за органите на прогонот во надлежните институции“.
„Вештачењето на пораката може да укаже на локацијата од која е пратена. Дали евентуалното непријавување на таквата комуникација може и треба да се смета за помагање?“, прашува Богоевски во вчерашниот статус.
Но, откако Героски му обрна внимание дека станува збор за лажна вест и му испрати линк до интервјуто на Канал 5, во кое такво нешто воопшто не е спомнато, доцна синоќа, во приватна порака до новинарот, Богоевски потврди дека станува збор за лажна вест, а денес напиша и посебен пост со извинување, но не ги повлече клеветничките наводи од претходниот.
Ова е извинувањето на Павле Богоевски: