ПАУШАЛНИТЕ ОБВИНУВАЊА ЈА ЗАГРОЗУВААТ ИСТРАГАТА ШТО ЈА ВОДИ УЈП Реакција од СДСМ на објавите на опозицијата за испумпување пари од буџетот
Случајот е откриен токму од УЈП, целата постапка на разоткривање и процедура за расчистување е веќе завршена и јавноста ќе биде запознаена со сите информации – се вели во соопштението на СДСМ.
Дека постои мрежа на нафтени компании кои сакале да го изиграат системот и да испумпаат пари од буџетот, заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП Соња Лукаревска јавно соопшти, најавувајќи детали за в понеделник – реагираше СДСМ на прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ за голема афера за испумпување пари од УЈП преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ.
Во соопштението на СДСМ се вели дека ВМРО-ДПМНЕ ја загрозува постапката што ја води УЈП.
„Случајот е откриен токму од УЈП, целата постапка на разоткривање и процедура за расчистување е веќе завршена и јавноста ќе биде запознаена со сите информации.
Предвремено изнесување паушални, неточни и непроверени работи, како што прави ДПМНЕ, ја загрозува постапката и опозициската партија треба да престане со дезинформации да прави штета.
Сите инволвирани во овој случај ќе сносат одговорност согласно законите. ДПМНЕ треба да одговори за испупувањето на парите кои нивните градоначалници ги првата низ општините, каде за машини кои вредат 2-3 илјади евра се трошат по 50 илјади евра“ – се вели во соопштението на СДСМ.