Пауновски за ТВ24: Не сум националист и не сум кавгаџија, не дозволив рамковни вработувања оти немаше место
За секое ново вработување мора да се обратите со Министерството за информатичко општество и до Министерството за политички систем за да се види по балансерот кој и какви кадри треба да се примат, вели разрешениот директор на Пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.
Разрешениот директор на Пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, во емисијата „24 анализа“ рече дека доставувал аргументи врз основа на кои распоредот кој е направен по програмата К5, каде што на 24 луѓе, доделени биле 35 луѓе, што значи со 15 отсто со еден потег.
– Не да се спротивставиме, туку да ја објасниме ситуацијата дека сето тоа не можеме да го спроведеме, зашто не можеме да најдеме место за сите тие луѓе, она што ни беше најтешко да прифатиме е да менуваме систематизација за да прифатиме и детективи да ставиме во ДПИ. Затоа одлучивме и разговаравме на највисоко ниво и сме доставиле писмо уште веднаш по добивањето на сите тие 35 рамковно распоредени лица, до премиерот, видепремиерот, препратено е писмото на сите страни. На обвинувањата дека не сум ги примил затоа што биле Албанци, велам дека не сум националист, живеам и работам со нив и во самиот менаџерски тим имавме и Албанци. Не сакам да се остави впечатокот дека сум кавгаџија – рече Пауновски.
Тој потенцираше дека до ден денес не добил одговор, ниту телефонски се слушнал со премиерот.
– За секое ново вработување мора да се обратите со Министерството за информатичко општество и до Министерството за политички систем за да се види по балансерот кој и какви кадри треба да се примат – вели Пауновски.
Екс директорот на ДПИ рече дека сите кои седеле дома, биле пуштени на работа, им се обезбедило обука и сите кои ги задоволиле критериумите билее пратени на терен и имале каде да се сместат.
– Другите 35 во местата каде што бараа да бидат сместени, немавме слободно место каде да ги сместиме – рече Пауновски.
Пауновски рече дека откако дошол на местото директор на ДПИ немал примено луѓе кои немале соодветни квалификации, туку претходните биле наследени и за сите гледал да најде работа.
– Дел од тие теолози и еколози ги ставале како помлади инспектори, а тие не го работеле тоа и на барањето да се пуштат на терен, тие изјавиле дека не сакале да одат на терен и веднаш биле прераспоредувани да одат во администрацијата – рече Пауновски.