Пауновски: Одбраната на интегритетот не наиде на разбирање кај Заев

Тој им се заблагодари и на сите вработени во ДПИ кои застанале рамо до рамо со него, додавајќи дека е горд на она што го направиле заедно.

799

Разрешениот директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски на Фејсбук им се заблагодари на сите граѓани кои, како што напиша, во неговиот „пркос” виделе искрени намери и желби за силна, стручна и независна европска институција.

„Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институција со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот”, додава Пауновски.






Тој им се заблагодари и на сите вработени во ДПИ кои застанале рамо до рамо со него, додавајќи дека е горд на она што го направиле заедно.

Разрешувањето на Пауновски следи откако тој изминативе денови му се спротивстави на премиерот Зоран Заев поради 32 вработени што му ги доделила Владата.

 

Поврзани содржини