Пауновски бара разбирање од Заев: Нас ни требаат работници за на терен, не за на биро!

Пауновски рече дека дел од кадрите кои му се даваат се со несоодветно образование и не одговараат за позицијата инспектори, а само 12 биле правници и економисти.

3,043

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски е зачуден што премиерот Зоран Заев не го разбира кога вели дека нема да вработи 35 административци прераспределени во неговиот инспекторат, бидејќи се неквалификувани за испразнетите места.

– Ако премиерот Зоран Заев не ме разбира, немам што друго да кажам освен дека може слободно да ме разреши на наредната владина седница. Ми даваат 35 луѓе за во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга, а таму немаме потреба од нови вработување, туку имаме за во струмичкиот регион и во источна Македонија. Овие нови вработени нема да има каде да ги сместиме, нема место во канцелариите, пак ќе треба дома да седат. Нашата работа е на улица, на терен, а не во канцеларија, немаме потреба ние од администрација – изјави Пауновски за порталот СДК.






Пауновски вчера јавно соопшти дека нема да ги потпише решенијата за вработување на 35 административци од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, на што премиерот Зоран Заев му порача да не прави отпор. Пауновски рече дека дел од кадрите кои му се даваат се со несоодветно образование и не одговараат за позицијата инспектори, а само 12 биле правници и економисти.

– Испраќам порака пред сѐ до директорот на Пазарниот инспекторат којшто е доста гласен, треба да ги спроведеме одлуките или да кажеме зошто не се спроведуваат, а не да водиме, така да кажам, јавна војна преку медиумите едни со други – рече вчера Заев.

Во моментов 41 отсто од вработените во Инспекторатот се Албанци. Во изминатите три години со странски донации се уредени канцелариите. Пауновски во 2018 затекнал 305 вработени од кои 97 биле инспектори, а сега Инспекторатот брои 247 вработени и 178 инспектори.

Поврзани содржини