Патријархот Иринеј распали по Ѓукановиќ: Применуваш усташки методи за да ја уништиш СПЦ и да го протераш српскиот народ!

Некрстен прави црква! - вели Иринеј и додава дека сите светии во Црна Гора се српски светии.

774

Тешки обвинувања испрати поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Иринеј, на сметка на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

– Некрстен прави црква! – вели Иринеј и додава дека сите светии во Црна Гора се српски светии.






Објавата на Ѓукановиќ дека планира да направи православна црква на Црногорците, патријархот ја искоментира со „прст во око“.

– Целта на она што го прави Ѓукановиќ е да се примени метод кој го применуваа усташите, а тоа е да се протера српскиот народ и да се уништи СПЦ. Се прашувам себеси, а и сите други, дали господинот Ѓукановиќ го има предвид својот народ и ситуацијата што самиот тој ја створи во Црна Гора? Јасно е дека планот е да нема повеќе СПЦ, ниту српски православен народ – истакна патријархот Иринеј по состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Поврзани содржини