Патријархот Иринеј оставил 50.000 динари за својот погреб, кондурите им ги подарил на монасите, рачниот часовник на роднините

Тој поделил сè што поседувал на три дела. Личните работи им ги оставил на свештенството, на епархијата и на роднините, а оставил и 50.000 динари за да си го плати погребот, како и облека со којашто сакал да биде погребан.

3,053

Српскиот патријарх Иринеј утрово почина на 90-годишна возраст и по 15-дневна тешка борба со коронавирусот. Погребот ќе се одржи во недела, а изборот на следниот српски патријарх ќе се случи во следните три месеци.

Медиумите во Србија објавија дека патријархот Иринеј оставил тестамент со кој ги поделил своите лични предмети и имот, а исто така оставил пари за својот погреб. Тестаментот, според Блиц, го напишал патријархот Иринеј уште кога бил епископ нишки.






Тој поделил сè што поседувал на три дела. Личните работи им ги оставил на свештенството, на епархијата и на роднините, а оставил и 50.000 динари за да си го плати погребот, како и облека со којашто сакал да биде погребан.

Остатокот од имотот, парите од плата, едниот дел за епархијата, другиот за Српската православна
црква и третиот за манастирот, односно за сестринството што ќе го негува пред неговата смрт.

Своите лични работи, обувки и облека, патријархот Иринеј им ги оставил на монасите. Крстот на градите, панагијата и иконата, ги оставил на Нишката епархија. Личниот часовник, телевизорот, радиото, починатиот патријарх им ги оставил на неговите роднини.

Тестаментот бил направен во три примероци, од кои едната е испратена до Синодот на СПЦ, кој го
ставил во архивата, другата останала во Епархијата, а третата останала кај потписникот на
тестаментот.

Поврзани содржини