ПАТОТ ВЕЛЕС – ГРАДСКО Е ЗАТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ ОД 8 ДО 16.30 ЧАСОТ Се поставува заштитна мрежа
АМСМ информира дека патот вака ќе функционира од денеска до 3 февруари.
Поради поставување на заштитна мрежа на регионалниот пат Велес – Градско од денеска до 3 февруари ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 08.00 до 16.30 часот, информира Авто мото сојузот.
Сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.