ПАТОТ ШТИП-ДЕЛЧЕВО ОТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ На Богородица се чека 40 минути, на Табановце еден час

Како што посочија од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

15

Магистралниот пат Штип – Делчево помеѓу селата Балван и Крупиште е отворен за сообраќај, соопшти Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ). Претходно, линијата беше времено затворена поради увид на полицијата на тешка сообраќајна несреќа.

Како што посочија од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.






На ГП Богородица за излез се чека околу 30 до 40 минути, а на ГП Табановце за влез се чека околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

– АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, се вели во соопштението.

Поврзани содржини