ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН ДО ВТОРНИК Голема дупка се отвори на патот Каменица-Делчево

134

Екипи на ЈП Македонија пат работат на санација на оштетувањето на коловозот на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево настанато од обилните врнежи кои деновиве го зафатија Делчево и регионот, информира АМСМ.

Патниот правец е затворен и сообраќајот се пренасочува преку алтернативниот патен правец Делчево – Берово – Смојмирово – Виница.






На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

По завршување на санацијата, магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево (А3) ќе биде пуштен во употреба во вторник.

Поврзани содржини