📷 ШТО ЗНАЕ СДСМ ШТО СЕ 25 КИЛОМЕТРИ НОВ ПАТ ОД РАНКОВЦЕ ДО КРИВА ПАЛАНКА До јули на трасата немало ни 25 сантиметри асфалт
Министерот за транспорт и врски и вицепремиер Александар Николоски оцени дека овој патен правец е витална артерија за поврзување со Бугарија и посака да се развиваат нови индустриски капацитети и да заживее источниот дел од државата.
Во јули немаше ниту еден сантиметар квадратен асфалт, а денеска гледаме цела делница, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната свечена церемонија на официјално пуштање на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка.
Тој им се заблагодари на работниците кои деноноќно работеа на изградбата на експересниот пат на Коридорот 8 во должина од 25,4 километри, како и на вработените во Јавното претпријатие за државни патишта и на директорот Коце Трајановски кој редовно го известувал за текот на градежните работи, како и на залагањата на министерот за транспорт Александар Николоски и на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за тимската работа.
– Ви честитам и нека е со среќа користењето на овој пат – рече Мицкоски.
Тој се осврна и на денешната реакција на екс министерот за транспорт Благој Бочварски кој нагласи дека експресниот пат Страцин – Крива Паланка е проект на СДСМ.
 Мицкоски од говорницата поставена на новоизградената делница по која од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, одговори на овие обвинувања и нагласи дека се обид за политичка промоција на СДСМ и ги повика да им се извинат на граѓаните што не успеале да го завршат во својот мандат.

– Сакам да им кажам да граѓаните коишто ќе го користат овој пат дека ова не е пат ниту на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на која било друга политичка опција, ова е пат на граѓаните и ова е пат којшто ќе остане за граѓаните и тие се тие коишто го користат – порача премиерот.
 Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, а од Страцин до Крива Паланка ќе се патува за само 10 минути.
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, а од Страцин до Крива Паланка ќе се патува за само 10 минути.
Изградбата почна во мај 2018 година, а вкупната инвестиција е 93,7 милиони евра од кои 80,20 милиони евра се средства од Светска Банка, а останатите се грант средства во висина од 13,50 милиони евра.
– Кредитот којшто е добиен од финансиските институции ќе биде враќан од парите на граѓаните и затоа никој нема право да го присвојува и никој нема право да кажува дека ова е негов пат. Ова е ваш пат, на граѓаните и да си го користите и аирлија нека е – нагласи премиерот Мицкоски.