ПАТОТ ДО ЕУ НИ Е СО ДУПКИ И ТРЕВА Поинаку ветува здрав асфалт на патот кон Грција

Како локална власт ќе ги искористиме сите можности кои ни стојат на располагање за конечно да се реализира реконструкцијата на овој патен правец кој е од витално значење за развој на економијата и туризмот во Битола и регионот, велат од Поинаку.

220

Патот од Битола до граничниот премин Меџитлија не е реконструиран откако е направен, иако сите претходни власти најавуваа негова реконструкција и модернизација, реагираа денеска кандидати за советници во општина Битола од Поинаку.

– Асфалт кој се распаѓа, дупки, обраснат со трева, без никаква сигнализација – ова е патот кој нѐ поврзува со соседна Грција, односно со Европска Унија. Како локална власт ќе ги искористиме сите можности кои ни стојат на располагање за конечно да се реализира реконструкцијата на овој патен правец кој е од витално значење за развој на економијата и туризмот во Битола и регионот. Потребна е реконструкција и на влезовите во градот, со што тие ќе добијат функционалност каква што е потребна, но и претставителност соодветна на Битола – велат од Поинаку.






Со здрава патна инфраструктура, неопходно е конечно нивелирање на уличните шахти. Ќе формираме посебни приоритетни тимови во јавните претпријатија за редовно чистење на затнатите и нефункционални шахти, нивно нивелирање и санирање на ударните дупки на улиците. 

Поврзани содржини