📽️ ПАТНИЦИ ВРЕСКААТ ОТКАКО ЕКСПЛОДИРА МОТОР НА АВИОН Морничава снимка од кабината, драматично слетување со 300 патници
Авионот за Атланта се врати по експлозија на мотор само девет минути по полетувањето, без повредени меѓу околу 300 патници.
Драма се одвивала веднаш по полноќ на Меѓународен аеродром Гуарулос во Сао Паоло, кога мотор на патнички авион експлодирал само неколку секунди по полетувањето, принудувајќи го пилотот итно да се врати назад.
Според извештаите, левата турбина на авионот од типот „Airbus A330-323“, кој летал кон Атланта, се претворила во огнен блесок додека леталото се искачувало. Камерите го забележале моментот кога од моторот избувнал пламен, додека во кабината се слушале вресоци на патниците.
Контролата на летот веднаш стапила во контакт со авионот на „Delta Air Lines“.
PASSENGERS SCREAM AS AIRBUS ENGINE FAILS AND BURSTS INTO FLAMES
FORCED TO RETURN TO SAO PAULO pic.twitter.com/8qwVOMMgvI
— RT (@RT_com) March 30, 2026
„Делта, имате оган на крилото“, предупредил контролорот.
„Знаеме, ќе мора да се вратиме“, одговорил пилотот, уверувајќи ги патниците дека авионот е стабилен за итно слетување.
Додека авионот се враќал, од моторот се слушале уште неколку експлозии, а делови паѓале на земја и ја запалиле тревата покрај пистата. По нешто повеќе од девет минути лет, пилотот успешно извршил итно слетување.
Во авионот имало околу 300 патници, но за среќа нема повредени. По слетувањето, службите за итни случаи веднаш интервенирале и го изгаснале пожарот.
Од „Delta Air Lines“ подоцна потврдија дека летот е откажан поради механички проблем и им се извинија на патниците за прекинот. Во тек е истрага за да се утврди точната причина за експлозијата.