🎥ПАТНИЦИ ПРИНУДЕНИ ДА ЛЕЖАТ НА ПИСТА НА АЕРОДРОМ ЗА ДА СЕ СПАСАТ Потресни сцени од судирите на Газа во кои загинаа 200 Израелци и 232 Палестинци
Канонада ракети беше истрелан над Тел Авив по заканите од Хамас, додека новите информации говорат дека нова рунда ракети била истрелана во Газа. Новиот напад погоди повеќе локации во Израел, вклучувајќи го и Тел Авив. Израел возврати со акција „железен меч“.
Најмалку 200 Израелци се убиени откако милитантите на Хамас извршија ненадеен напад врз земјата утрово, соопшти израелската служба за итни случаи за спасување, Зака.
Најмалку 232 Палестинци се убиени во Газа, а уште 1.697 се ранети, се вели во соопштението на палестинското Министерство за здравство во Газа.
Од денешните судири на социјалните мрежи се споделуваат шокантни снимки кои говорат дека ситуацијата во Израел станува се позагрижувачка. Многу патници останаа заробени на аеродромите во поголемите градови, додека на небото се заменуваат ракети.
Една таква сцена е снимена на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, каде што патниците биле принудени да се кријат од можни напади лежејќи на пистата и покривајќи ги своите тела.
На видеото од аеродромот се гледаат деца како лежат на асфалтот, додека некои патници разговараат на телефон, претпоставувајќи дека разговараат со своите најблиски и проверуваат кога се нивните следни летови.
Во позадина се слушаат сирени кои најавуваат нови напади, а потоа и експлозии на ракети истрелани кон Тел Авив.
View from Ben Gurion Airport in Tel Aviv now: flight passengers forced to wait out the air raid lying on the ground. pic.twitter.com/JsJVYhLaxZ
— NEXTA (@nexta_tv) October 7, 2023
Потсетуваме, канонада ракети беше истрелан над Тел Авив по заканите од Хамас, додека новите информации говорат дека нова рунда ракети била истрелана во Газа. Новиот напад погоди повеќе локации во Израел, вклучувајќи го и Тел Авив.
Вооруженото крило на милитантната група Хамас денеска соопшти дека истрелало 150 ракети кон Тел Авив, пренесува „Ројтерс“.
Претходно денеска палестинската исламистичка група Хамас истрела голем број ракети кон јужните делови на Израел, а сирените се огласија во Тел Авив и Бершева.
Хамас соопшти дека при првото гранатирање биле истрелани 5.000 ракети, додека израелската армија објави дека биле истрелани 2.500 ракети.
Израел возврати со воена акција наречена „железен меч“