ПАТНИЦИ НА „ХИСАР ТРАВЕЛ“ ОД МАКЕДОНИЈА ПРЕНОЌИЛЕ НА АВТОПАТ Автобусот се расипал во Србија, Инспекторатот ги проверува документите
Дефектот се случил ноќва по полноќ по што патниците биле изнесени надвор од автобусот, а возачите се обидувале сами да го поправат автобусот. Инспекторатот за транспорт и врски ги проверува документите на „Хисар Травел“, за тоа дали превозот на патници го извршуваат законски и безбедно.
Патници од Македонија поради расипан автобус ноќта ја поминале на автопат во Србија. Педесетина патници повеќе од 10 часа останаа на среде автопат кај Белград поради дефект на автобусот со кој тргнале од Љубљана кон Скопје, oбјави Сител. Автобусот е на агенцијата Хисар Травел и сообраќа на редовна линија.