ПАТНИЧКИ АВИОН СЕ СРУШИ НА АЕРОДРОМОТ ВО АХМЕДАБАД ВО ИНДИЈА На летот имало 242 патници
Инцидентот се случил непосредно по стартувањето на летот, под околности кои сè уште не се целосно разјаснети. Во тек е акција за пронаоѓање и евакуација на евентуално преживеани.
Индискиот патнички авион Air India AI171, модел Boeing 787-8 Dreamliner, се урнал утрово во близина на аеродромот во Ахмедабад, Индија, при обид за полетување.
Првичните информации укажуваат дека на летот имало околу 242 патници, но официјални податоци за бројот на жртви или повредени засега нема.
Инцидентот се случил непосредно по стартувањето на летот, под околности кои сè уште не се целосно разјаснети. Во тек е акција за пронаоѓање и евакуација на евентуално преживеани.