Патничка се здобила со тешки телесни повреди откако паднала во автобус на ЈСП.
Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, при сопирање на автобус „јутонг“ на ЈСП, управуван од С.К.(54) од Скопје, патничката С.Н.(56) од Скопје паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, информира МВР.