ПАТНИЧКА ПАДНАЛА ВО АВТОБУС Скопјанка заврши со сериозни повреди во „8 Септември“

Патничката паднала во автобус на крстосницата Васил Ѓоргов – Франклин Рузвелт, по што била хоспитализирана со тешки повреди.

122

84-годишна жена е тешко повредена откако паднала во градски автобус на крстосница во Скопје, информира полицијата.

Инцидентот се случил на вчера околу 11 часот на раскрсницата меѓу улиците Васил Ѓоргов и Франклин Рузвелт, кога патничката Е.Д. од Скопје паднала во автобусот за време на возењето.






По падот, жената била пренесена во Градска општа болница „8 Септември“, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на местото бил извршен увид од екипа на СВР Скопје и се работи на расчистување на околностите под кои дошло до несреќата.

Поврзани содржини