ПАТЛИЏАНИТЕ ПОРАСНАА, А ТИ НЕ ЈА НАПРАВИ УЛИЦАТА Во Штип ВМРО-ДПМНЕ се шегува со градоначалникот (ВИДЕО)
Темата на прес-конференцијата е тоа што улицата „Панче Караѓозов“ во Штип се претворила во бавча со патлиџани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо нов асфалт, на улицата „Панче Караѓозов“ во Штип никнале патлиџани, а сега се веќе готови за берба, јавува штипската ТВ М.
Општинскиот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Штип денеска одржа прес-конференција веднаш покрај патлиџаните, но како што рекоа оттаму, темата на разговорот не е тоа што веќе половина година улицата е раскопана, ниту, пак, како што посочија, се лутат за предолгото чекање нов асфалт.
Темата на прес-конференцијата, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ, е тоа што улицата „Панче Караѓозов“ се претворила во бавча со домати.