ПАТИ ОД ТЕШКА ДЕМЕНЦИЈА, „ЗАБОРАВИЛ“ ДЕКА СИЛУВАЛ НАЈМАЛКУ 20 ЖЕНИ На Рон Џереми, ѕвездата од филмовите за возрасни, сепак нема да му се суди?!
Рон Џереми (69), ѕвезда од филмовите за возрасни, боледува од „тешка деменција“ и поради тоа веројатно нема да му се суди на 17 јануари.
Џереми е обвинет од обвинителството во Лос Анџелес за напади врз 21 жртва, меѓу кои и 15-годишно девојче, дела кои се стари повеќе од две децении. Последниот наводен напад се случил врз млада девојка во стриптиз клуб помеѓу 2002 и 2003 година. Обвинението беше поднесено кон крајот на јуни 2020 година, за напад врз четири жени, а во август истата година уште 20 жртви се приклучија на тужбата против Џереми.
Во мејл до кој дошол „Тајмс“, заменик окружниот обвинител на округот Лос Анџелес, Пол Томпсон, вели дека експертите за ментално здравје и правниот тим на Рон Џереми ја утврдиле неговата состојба, за која нема докази дека ја лажирал.
„Како резултат на договорот на експертите, обвинетиот ќе биде прогласен за неспособен да му се суди“, напиша Томпсон во гореспоменатиот мејл.
Некои од роднините на Рон Џереми, наводно, се сомневале дека тој боледува од деменција пред неговото апсење во 2020 година, се вели во мејлот. Експертите дошле до овој заклучок врз основа на медицинските досиеја, како и од интервјуата со Џереми, со неговите роднини и со замениците на шерифот на округот Л.А. кои комуницирале со него за време на притворот.
Повеќе за обвиненијата против Рон Џереми: