ПАТЕМ, ТАТКО ТИ ИМАШЕ ОПЕРАЦИЈА НА ОТВОРЕНО СРЦЕ… Зошто бумерите им премолчуваат важни и тешки вести на своите деца?

34-годишната Мери Бет Сомич, лиценциранa терапевтка со повеќе од една деценија искуство, забележала дека родителите родени меѓу 1946 и 1964 година упорно прават нешто што таа никако не може да го разбере.

58

Терапевтка од генерацијата милениумци, која забележала ист образец на однесување и кај своите клиенти и во сопствениот живот, одлучила на „Тик-Ток“ да им постави едно прашање на родителите од генерацијата бејби-бум: Зошто им ги премолчуваат важните и тешки вести на своите веќе возрасни деца.

Генерациски недоразбирања






34-годишната Мери Бет Сомич, лиценциранa терапевтка со повеќе од една деценија искуство, забележала дека родителите родени меѓу 1946 и 1964 година упорно прават нешто што таа никако не може да го разбере.

Во своето видео, Сомич преку низа кратки скечеви ги глуми родителите кои им ги соопштуваат сериозните и лоши вести на своите децата, онака, патем, како нешто сосема неважно. На пример:

– Татко ти имаше денес операција на отворено срце.

Или:

– Последнава недела баба ти е на вештачка поддршка, не сакавм,е да те секираме пред да знаеме нешто повеќе!

Објаснувањето секогаш е исто: не сакале да ги загрижуваат децата.

– Многу бејби-бумери пораснале со уверување дека љубовта се покажува така што ги штитиш оние што најмногу ги сакаш, а не преку зборови, ранливост или отворена комуникација – ја објаснува Сомич причината за ваквото однесување.

Повеќе за ова, како и видеото, ќе ги најдете ТУКА.

Поврзани содржини