СЕДНИЦАТА ЗАПОЧНА БЕЗ ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ И НА ДУИ Спикерот Талат Џафери ја напушти седницата и во салата остави 60 пратеници

Во собраниската сала беа присутни само пратениците на опозицијата, додека, пак, столчињата на пратениците од актуелното владејачко мнозинство останаа празни.

1,790

Собранискиот спикер Талат Џафери ги започна процедурите за почеток на седницата на која денеска треба да се изгласа недоверба на владата. Претседателот на Собранието ја напушти седницата, бидејќи, како што рече, не ја поддржува иницијативата и го повика потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели, да ја води седницата.

Откако Џафери ја напушти седницата, собраниската служба соопшти дека во салата се присутни само 60 пратеници од опозицијата.






Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека недостасува пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, а како што велат оттаму, исклучени се телефоните на пратеникот, а и во двата негови станови нема никој.

Спикерот Џафери, пред да прогласи пауза од 10 минути, ги повика двајцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се позитивни на коронавирусот да ги заземат своите места во посебни простории.

– Се надеввам дека нема да има потреба од поднесување кривична пријава за биолошки тероризам – рече Џафери.

На барање на опозицијата, дадена е пауза од 1 час.

Поврзани содржини