📽️ ПАТОТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП НЕ Е ГОТОВ ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче дека лаже

1,283

Тука сме на лице место за да ги разобличиме лагите кои што СДСМ се обидуваат да ги пласираат до јавноста. Овде во Дреновската клисура каде што сме на самиот старт на почетни градежни активности, а за кои што слушнавме дека во 90 % експресниот пат е завршен. Овие се истите лаги исто како оние на почетокот на нивниот мандат кога Фејсбук и Гугл чекаа на граница, истите лаги како фабриката за автомобили во Тетово.

Ова денеска го изјави Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, откако Венко Филипче објави дека се вози по патот Градско-Прилеп кој е 90 отсто завршен.

 






– Македонските граѓани треба да видат и да знаат дека овде на ова место е сам старт на почеток на градежни активности, а не е видлив ниту крајот на она како што тие сакаат да го пласираат. Да не зборувам тука и за третата фаза од експресниот пат за која што има обезбедено средства и за која што можеше исто да биде завршена ако не беа платени пеналите кон компанијата на која што и се бараше рекет за да остане да го гради автопатот и се изгуби значително голем период од изградба на патот и барање на друга компанија – рече Продановски.

Поврзани содржини