ПАСОШИТЕ ЗА 215 КРИМИНАЛЦИ И „САЈТРОКС“ НИ ГО НАРУШИЈА ОДНОСОТ СО НАТО Ковачки ги наведе скандалите на власта во безбедносниот сектор
Би издвоил како скандал и случајот со пасошите, со издавањето на 215 пасоши на криминалци кои, за жал, ги поткупиле македонските институции, односно нашле простор и пукнатина во институциите по што добиле пасоши и македонски државјанства, а од друга страна гледаме дека нашите граѓани немаат документи и не можат да патуваат надвор, практично се затворени во сопствената држава, вели Ковачки во интервју за Курир.
Пратеникот Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 3, во интервју за Курир говореше за бројните скандали во секторите безбедност и одбрана, за претстојните избори, очекувањата од нив, но и за повеќе теми од интерес на граѓаните.
– Како најголеми скандали во безбедносно-разузнавачкиот сектор би ги издвоил скандалот со Онишченко, издавање на државјанство на рускиот шпион по што следеа низа реакции од НАТО членките, но видовме дека власта не најде начин да преземе одговорност. Очигледно е дека тој случај ќе има влијание и во иднина на нашите односи со НАТО. Би издвоил како скандал и случајот со пасошите, со издавањето на 215 пасоши на криминалци кои, за жал, ги поткупиле македонските институции, односно нашле простор и пукнатина во институциите по што добиле пасоши и македонски државјанства, а од друга страна гледаме дека нашите граѓани немаат документи и не можат да патуваат надвор, практично се затворени во сопствената држава. Би сакал да го издвојам и случајот со заменик министерот за внатрешни работи, тој одеше на ноќевање во една ексклузивна дестинација, платена 20.000 евра по ноќевање, што е извор само по себе на корупција. Имавме злоупотреба на државните ресурси. Синот на тој заменик министер бегаше со службени возила, со флешери, но немаше никаква одговорност. Како еден од најзначајните случаи во делот од нарушување на безбедноста е ставањето на црна листа на една од фирмите „Сајтрокс” која во Македонија развивала софтвер за нелегално прислушкување и следење на комуникации. Истото е детектирано и од страна на нашиот стратешки сојузник САД, но гледате дека од страна на Владата нема никаква одговорност. Техничкиот премиер Талат Џафери на новинарско прашање одговори дека националната безбедност можеби и не е целосно под контрола на Владата. Едно тотално непознавање посебно од човек како Џафери да бега од одговорност и да се вади, да нема никаква реакција од институциите – истакна Ковачки.
Тој потсети и на скандалот со директорот на Агенцијата за разузнавање каде јасно се гледа дека неговата сопруга има добиено грант за работа поврзана со работата на нејзиниот сопруг. Овој случај го нарече „упад во разузнавачко-безбедносниот систем од првите лица на тие институции“.
Посебен осврт Ковачки направи на хаосот кој македонските граѓани го доживеаја во обидот да извадат лични документи, обврска која им беше наметната.