ПАРТНЕРКАТА ГО ИСТЕПАЛА ВО КОЛА Пријавено семејно насилство во Центар
Нападот се случил на 4 јануари во неговото патничко возило, на подрачјето на Општина Центар.
Триесет и шестгодишен маж од Скопје пријавил во полиција дека бил физички нападнат од својата партнерка, исто така на возраст од 36 години.
Како што соопштија од СВР Скопје, пријавата била поднесена на 8 јануари 2026 година, при што мажот навел дека нападот се случил на 4 јануари во неговото патничко возило, на подрачјето на Општина Центар.
Според пријавеното, физичкиот напад го извршила неговата партнерка И.В. од Скопје. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.