ПАРТНЕРИТЕ ВО НОВАТА КОАЛИЦИСКА ВЛАДА ВО СОФИЈА СЕ ДОГОВОРИЈА Позицијата во преговорите со Скопје не се менува

Новата влада нема намера да ја ревидира позицијата усвоена од Народното собрание од ноември 2019 година, јави БГНЕС.

2,973

Бугарија ја задржува својата единствена позиција кон Република Северна Македонија. Ова го запишаа учесниците во предлог коалицискиот договор за формирање на новата владејачка коалиција во Софија, јави БГНЕС.

Присутните на средбата на коалициските партнери за околу 40 минути ги разјасниле главните точки на билатерални односи со РСМ. Иако имало предлози експлицитно да не се нагласи дека Бугарија се придржува до Рамковниот став усвоен од Парламентот во ноември 2019 година, усвоена е дека формулацијата дека Бугарија ја задржува сегашната позиција во однос на РСМ.






Новата влада нема намера да ја ревидира позицијата усвоена од Народното собрание. А тоа подразбира дека ќе се бранат националните интереси на Бугарија и нема да има компромиси со историската вистина, врз основа на документи и факти.

Поврзани содржини