ПАРТИЗАН НЕ МУ ДАВА НА ОБРАДОВИЌ ДА ЗАМИНЕ! „Смени го целиот тим ако сакаш, имаш одврзани раце“
Според белградските медиуми, Обрадовиќ засега не се изјаснил дали ќе ја повлече одлуката, но извори блиски до клубот велат дека се очекува конечниот збор во наредните часови.
Српскиот кошаркарски клуб Партизан објави дека не ја прифаќа оставката на тренерот Жељко Обрадовиќ, која самиот стратег ја поднесе по поразот од Панатинаикос во Евролигата. Иако Обрадовиќ ја дефинираше оставката како „неотповиклива“, Извршниот одбор на клубот едногласно одлучил да му даде безрезервна поддршка и да го задржи на клупата, јави порталот Нова.
Клубот соопштил дека се одржала итна седница на која претседателот Остоја Мијајловиќ предложил да се одбие оставката и да се даде нова шанса на Обрадовиќ да го промени резултатскиот курс, jaвува Б92.
„Се чини дека претседателот на клубот Мијаиловиќ и другите членови на Управниот одбор се согласуваат со добар дел од ваквите констатации, па ‘апсолутната доверба’ нема да биде само фраза, туку на Обрадовиќ ќе му се каже дека, доколку ја повлече оставката, ќе има одврзани раце и целосна поддршка (во секоја смисла) да му се заблагодари за соработката на секој за кого смета дека не ја оправдал довербата со своите претходни игри и напори, па дури и да го замени целиот тим, доколку е потребно“, објавува „Моцарт Спорт“.
Меѓутоа, и покрај оваа декларативна поддршка, правно и симболички останува дилемата. Дали оставката што самиот тренер ја означил како „неотповиклива“ може да биде поништена од управата, или решението зависи исклучиво од неговата лична одлука?
Според белградските медиуми, Обрадовиќ засега не се изјаснил дали ќе ја повлече одлуката, но извори блиски до клубот велат дека се очекува конечниот збор во наредните часови.