ПАРТИСКИТЕ ОГРАНОЦИ ВО ПРЕСМЕТКА ЗА ОХРИДСКИТЕ „ШУРО-БАЏАНАЦИ“ Вашите списоци се испогрешени, засрамете се, му порача ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ

„Господо криминалци и ширачи на лажни вести од СДСМ. Многу имиња и презимиња погрешно ви ги кажале“ – се вели во одговорот на ВМРО-ДПМНЕ.

362

ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, близок соработник на Христијан Мицкоски, имаат испреплетена шема на роднини, пријатели и блиски члeнови на ВМРО-ДПМНЕ низ охридските институции – обвини СДСМ во соопшение.

СДСМ објави список на вработени во институциите на локално ниво, во основни и средни училишта, инспекторати и јавни претпријатија, за кои тврди дека се во роднински и пријателски врски со градоначалникот Пецаков.






Глас за ВМРО-ДПМНЕ е глас за враќање назад, кој значи вдомување партиски кадри, роднини и пријатели на избраните функционери на оваа партија“ – се вели во соопштението на СДСМ.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид одговори на обвинувањата со сооштение во кое вели дека „СДСМ, како кум на непотизмот, треба да се сокрие и да се срами од народот, а информациите кои ги објави за наводен непотизам се неточни“.

Во соопштението се наведуваат редица корекции за посочените поединци од списокот на СДСМ во кои се корегирани времето на примање на работа на посочениот, неговата погрешно наведена функција или погрешно наведено сродство во градоначалникот.

„Господо криминалци и ширачи на лажни вести од СДСМ. Многу имиња и презимиња погрешно ви ги кажале, но и погрешно ве информирале. СДСМ треба да се сокрие и да се срами од народот, кого со години со ограбува“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини