ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ СЕ НАПИКАНИ ВО РЕК БИТОЛА Струјата е омилен бизнис на лица блиски до власта

Прекумерното вработување на партиски нестручни војници во РЕК Битола кои не знаат ништо од енергетика, управување и одржување на електроенергетските постројки поради кои доаѓа до дефекти на блоковите од огромни размери е на грбот на сите оние кои го полнат буџетот на Македонија. Да не заборавиме дека парите од енергетскиот сектор се изнесуваат и преку камионите кои вртат за РЕК Битола. Омилениот бизнис на лица блиски до фамилијата на власт, вели пратеникот Бране Петрушевски.

1,111

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, реагира на прекумерното трошење пари од државниот буџет, за набавка на електрична енергија во периодот од кога е прогласена кризната состојба.

– Од минатата недела имаме кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, ама само едно е различно во периодот пред и по кризната состојба: македонскиот народ е посиромашен за 4 милијарди денари, кои поради т.н.„кризна состојба“ ќе се испумпаат од државниот буџет и ќе се префрлат на сметката на АД ЕЛЕМ (ЕСМ) и АД МЕПСО, за да можат и во иднина вака неуспешно да работат на нашиот грб – изјави Петрушевски.






Тој смета дека со истите средства можело да се изгради нов капацитет за производство на електрична енегија.

– Со 4 милијарди денари се гради половина блок во РЕК Битола или пак се гради било каков енергетски објект кој во моментов добро ќе ни дојдеше. Но, за жал Владата на СДСМ и ДУИ одбра да го реши проблемот со недостаток на струја од домашно производство на наједноставен начин за нив, а тоа е да го осиромашува народот – тврди народниот пратеник во Собранието.

За лошата состајба на РЕК Битола, тој ја обвини праксата да се вработуваат партиски кадри, но и лукративните бизниси на лица блиски до власта.

– Прекумерното вработување на партиски нестручни војници во РЕК Битола кои не знаат ништо од енергетика, управување и одржување на електроенергетските постројки поради кои доаѓа до дефекти на блоковите од огромни размери е на грбот на сите оние кои го полнат буџетот на Македонија. Да не заборавиме дека парите од енергетскиот сектор се изнесуваат и преку камионите кои вртат за РЕК Битола. Омилениот бизнис на лица блиски до фамилијата на власт – тврди Петрушевски.

Поврзани содржини