Партиите и денеска ќе го бараат гласот на граѓаните на предизборни средби

227

Кандидатите за пратеници, носителите на листите во изборните единици и лидерите на партиите ја продолжуваат кампањата. Планирани се трибини, мини митинзи и активности на социјалните мреже.

Коалицијата „Обнова на Македонија“ денеска ќе има средби со граѓани  во општините: Пласница, Македонски Брод и Кичево каде што ќе присуствува и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.






Носителката на листата во  ИЕ 1 на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова ќе оствари средба со граѓани и прошетка преку плоштад Македонија, Камен Мост со кандидатката за пратеник од ИЕ 2 Рашела Мизрахи.

Носителот на листата во ИЕ 3, Игор Јанушев попладне ќе има  средба со жители на Општина Чашка.

Носителот на листата во ИЕ 4, Александар Николоски на средба со жители на Општина Радовиш, Ораовица, а носителката на листата воИЕ 6, Дафина Стојаноска во Тетово ќе има средба со Здружение на лица со инвалидитет.

Коалицијата „Можеме“ денеска е во  Скопје Шуто Оризари, Кривогаштани, Струга и Берово.

Кандидатот за пратеник на СДСМ и носител на листа во ИЕ2, Оливер Спасовски ќе оствари средба со жителите на Шуто Оризари.

Караванот на коалицијата „Можеме“ денеска попладне ќе биде во Струга и во Берово

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во Кривогаштани  ќе даде изјава.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и генералниот секретар на Движењето БЕСА, Арјанит Хоџа ќе дадат изјави за медиумите.во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“. 

ДУИ денеска ќе има активности во Скопје. Кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери и носителот на листата на Изборна единица  2, Арбер Адеми, ќе имаат средба со наставниците во училишниот двор на училиштето„Хасан Приштина“ во Чаир.

Бујар Османи ќе одржи прес-конференција.

Интегра во Тетово ќе ги претстави кандидатите за ИЕ 6, носителката на листата за ИЕ 6 д-р Виолета Србиноска и ќе ја промовира Платформата.

Македонски концепт ќе одржи прес-конференција на тема „Екологија и заштита на животна средина“ во Општина Илинден.

Претседателот на ДПА Мендух Тачи во Тетово ќе се сретне со шефот на Мисијата на ОБСЕ во земјава. додека

Во Скопје коалицијата „Сега е време“ ќе одржи прес-конференција.

Поврзани содржини