ПАРТИИТЕ ДА ГИ ТРГНАТ РАЦЕТЕ ОД „МАЛ БИТОЛСКИ МОНМАРТР“! Организаторите обвинуваат за злоупотреба на деца во партиски цели

Ако на еден наш ученик утре му недостига влакно од главата на патувањето од Битола - Скопје - Битола и сликањето во Скопје, ќе излеземе во јавност со информации кои политички партии - кои носители на партиски и за жал општествено политички функции, генерираат кршење на правата на децата и партиски и политички ги злоупотребуваат - се вели во соопштението на Одборот.

266

Управниот одбор на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола, кој го организира традиционалното ликовно студио „Мал Битолски Монмартр”, бара од Народниот правобранител и од Јавно обвинителство да ги следат активностите за партиска злоупотреба на малолетни лица.

Како што претходно информира студиото, група ученици од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола, кои се дел од ликовната група „Мал Битолски Монмартр“ утре во периодот од 10 до 13 часот ќе сликаат пред Министерството за образование и наука во знак на протест бидејќи по 30 години им е прекината финансиската поддршка.






Претседател на управниот одбор на Студиото, Славчо Неделковски, вели дека со ваквиот вид протест сакаат да апелираат за враќање на статусот на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола кое по 30 години нема да има поддршка од страна на Министерството за образование и наука на Македонија, со што 55 годишната организација ќе мора да биде затворена, а светскиот детски ликовен бренд „Мал Битолски Монмартр” по 41 година прекинат.

„Управниот одбор на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола со згрозеност ја чита веста на еден новинар дека “родители на ученици се контра сликањето” на наши членови пред Министерството за образование и наука на Македонија најавено за утре во Скопје. Не е точно дека родители на наши ученици се изјасниле против или за активности на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола. Прво родителите немаат никакви права на таков став. Нивна Одлука е дали нивното дете ќе биде или не член во Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола. Ние имаме годишен распуст до 1О септември 2О22 година кога традиционално ни започнува школската година. Активностите кои ги имаме по основ на кризата и срамот кој ни го преди Министерството за образование и наука на Македонија предизвикаа наши вонредни активности и родителите на нашите членови најтранспаретно се информирани каде сликаат нашите ученици што се активности на поддршка. Сите донациски активности се јавно објавени во кординација со сите 75 членови а за Одлуката на Управниот Одбор за сликање пред Министерството за образование и наука на Македонија нема ученик кој ќе патува, а да не е со согласност од негов родител. Срамно е како некои политички партии ги користат малолетните лица кои членуваат кај нас за ефтини партиски поени“ – се вели во соопштението на Управниот одбор на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” од Битола.

Тие велат дека никој не смее политички или партиски да ги обои нивните активноста преземени за спас од згаснување на светскиот детски ликовен бренд “Мал Битолски Монмартр”.

„Го информиравме Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, а сега ги информираме и Народниот правобранител, Јавното обвинителство и МВР да ги следат активностите затоа што ако на еден наш ученик утре му недостига влакно на главата на патувањето од Битола – Скопје – Битола и сликањето во Скопје ќе излеземе во јавност со информации кои политички партии – кои носители на партиски и за жал општествено политички функции, генерираат кршење на правата на децата и партиски и политички ги злоупотребуваат“ – се вели во соопштението на Одборот.

 

Поврзани содржини