ПАРТИЈАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТУРЦИТЕ СО ПОДДРШКА ЗА КОНДОВСКИ Последни подготовки пред решавачкото гласање во Битола

Со партијата за движење на Турците разговаравме за проекти кои ќе го унапредат животот на сите заедници во космополитска Битола, изјави Кондовски.

331

Партијата за движење на Турците јавно упати поддршка за кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ и коалициските партнери, Христо Кондовски.

– На средба со кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски ја искажавме нашата поддршка за вториот круг од локалните избори. На средбата се потенцира важноста на духовните вредности на градот Битола кои се доста значајни за турската заедница, а исто така беа разгледани решенија и проекти кои би се реализирале во следните четири години-изјави по средбата Претседателот на Партијата за движење на Турците и пратеник во македонското Собрание, Енес Ибрахим.






– Со партијата за движење на Турците разговаравме за проекти кои ќе го унапредат животот на сите заедници во космополитска Битола – изјави Кондовски.

Поврзани содржини