ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИ ДА НЕ ЈА ЛАЖЕ ЈАВНОСТА, РЕАГИРА ВМРО-ДПМНЕ „Нè можат да не напуштат затоа што никогаш не сме биле во коалиција“

Оваа партија пред само неколку месеци излезе од коалицијата со СДСМ. Со зачуденост гледаме на нивното постојано променливо однесување, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

278

Партијата на пензионери да не ја лаже и манипулира јавноста, порача ВМРО-ДПМНЕ во соопштението, кое е реакција на денешната прес-конференција на Партијата на пензионерите на која тие објавија дека на претстојните локални избори ќе коалицираат со СДСМ.

„Партијата на пензионери не може да излезе од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од едноставна причина што никогаш оваа партија не била дел од истата. Но, точно е дека оваа партија пред само неколку месеци излезе од коалицијата со СДСМ. Со зачуденост гледаме на нивното постојано променливо однесување“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ






Потпретседателот на Партијата на пензионери, Миле Андоновски денеска рече дека ја отфрлаат одлуката на ИО на Партијата на пензионери за коалициска соработка со ВМРО-ДПМНЕ, затоа што предизвикала бројни незадоволства кај членовите. Андоновски рече дека таквата одлука за коалиција со власта била со образложение дека за пензионерите е најдобро да бидат со власта, меѓутоа одлуката е неприфатлива.

Поврзани содржини