ПАРТИЈАТА НА ПАЛЕВСКИ МОРА ДА БИДЕ ДЕРЕГИСТРИРАНА Спасовски обвини за странско влијание

Не знаеме какви ставови застапуваа лицето и неговата партија? Не знаеме дека директно се спротивставија на нпредокот на државата и се спротивставија на НАТО? Не знаевме за неговите емисии во коишто директно ѝ се спротивставуваа на државата? На тие влијанија мислев, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вечерашната вонредна прес-конференција на којашто беше соопштено дека Љупчо Палевски-Палчо е приведен во Турција.

2,172

Вакво криминално гнездо мора да се разбие до крај, таа партија мора да биде дерегистрирана, рече министерот за внатрешни работи на вечерашната вонредна прес-конференција, мислејќи на политичката партија Трета, чиј лидер е токму Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Спасовски обвини дека партијата е под странско влијание.






– Не знаеме какви ставови застапуваа лицето и неговата партија? Не знаеме дека директно се спротивставија на нпредокот на државата и се спротивставија на НАТО? Не знаевме за неговите емисии во коишто директно ѝ се спротивставуваа на државата? На тие влијанија мислев – рече Спасовски.

Министерот за внатрешни работи вечерва ја информираше јавноста дека Палевски е приведен на територијата на Турција.

ГО ФАТИВМЕ МОНСТРУМОТ ВО ТУРСКИОТ ГРАД БАЛИКЕСИР Палевски правел „финти“ во Турција, тргнувал за Истанбул па се враќал назад

Поврзани содржини