ПАРТИЈАТА НА КАРАКАЧАНОВ ОСОМНИЧЕНА ЗА КУПУВАЊЕ ГЛАСОВИ Градоначалникот на Сандански ја помина ноќта во полициска станица
Откако помина 24 часа во полициска станица, тој изјави дека не знае ништо за пликовите со пари и списоците со имиња кои што беа најдени во неговиот автомобил во неделата попладне, по пријава на граѓанин.
Градоначалникот на бугарскиот град Сандански Атанас Стојанов, се сомнева дека некој сака да го намести, откако во неделата беше уапсен за купување гласови за време на парламентарните избори кај источниот сосед.
Откако помина 24 часа во полициска станица, тој изјави дека не знае ништо за пликовите со пари и списоците со имиња кои што беа најдени во неговиот автомобил во неделата попладне, по пријава на граѓанин.
– Воопшто не сум ги допрел пликовите кои што беа најдени во мојот автомобил. Веројатно некаде сум ја оставил колата отклучена и ми ги ставиле. Со рака на срцето кажувам дека немам врска со тоа – изјави Стојанов по апсењето и најави дека ќе поднесе тужба против лицето кое му ги подметнало, ако некогаш биде пронајдено.
Стојанов беше потпретседател на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, но и двајцата поднесоа оставки по катастрофалните резултати на изборите во неделата. ВМРО-БНД освои 1 отсто од гласовите и нема да има пратеници во бугарскиот парламент.