ПАРТИЈА НА КРИМИНАЛЦИ НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА ИМА ТЕХНИЧКИ ПРЕМИЕР! Не сме против Албанците, туку против ДУИ, вели Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ
Немаме ништо против Албанците, туку против ДУИ. Партија со најмногу скандали и афери и со луѓе кои лицитираат со криминалот и бројки секој ден, и затоа премиерот не треба да биде од ДУИ – рече Мисајловски.
Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата 24 Aнализа во однос на изборите и техничка влада рече дека сè уште има доволно време таа да се формира.
– Ако се направи политички договор, тоа може да се направи и јас сум бил дел од таква влада. Добро е што може да слушнеме дека се лицитира со датум. Со месеци не се прифаќаше лидерска, па во декември ќе има лидерска во Собранието каде ќе се прецизираат сите рокови. Редовни прифаќаме, но нема потреба под техничка влада. Немаме ништо против Албанците, туку против ДУИ. Партија со најмногу скандали и афери и со луѓе кои лицитираат со криминалот и бројки секој ден, и затоа премиерот не треба да биде од ДУИ. Пржинската влада со добивање на министри од ВМРО-ДПМНЕ и потоа да бидат блокирани нема да има ефект, таква влада треба да се укине – рече Мисајловски.
Мисајловски додаде дека СДСМ нема храброст да ѝ каже на ДУИ дека не сака техничка влада.
– Еве, нека се охрабрат од СДСМ и нека кажат дека не сакаат техничка влада! И тука е проблемот СДСМ – ДУИ. А, сигурен сум дека СДСМ со две раце би прифатила да нема таква влада – потенцира тој.
Во текот на емисијата потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски истакна дека во втората половина на јануари ќе се започне околу подготовките за конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата.
– Ние планираме во втората половина на јануари да го започнеме сето тоа полека и да најавиме каде ќе се одржи таа конвенција. Бидејќи треба да има над 500 делегати. После празниците тоа би се случило – рече тој.