📽️ ПАРОДИЈА НА АФЕРАТА „БАКНЕЖ НА КАМЕРА“ ПРИКАЖАНА НА БЕЈЗБОЛ НАТПРЕВАР Маж во публиката држеше знак „Ова е мојата сопруга“

Маскотата на Филис, Фили Фанатик, решила да направи своја пародија на тој вирален момент „бакнување со камера“. Фили Фанатикот беше „фатен“ пред камерите додека разменуваше нежности со својата партнерка, а нивните срамежливи обиди да се сокријат предизвикаа лавина од смеа кај гледачите.

587

Непријатната видео објава на концертот на популарниот бенд Coldplay во Бостон во која се најдоа Енди Бајрон, извршен директор на софтверската компанија Astronomer, и Кристин Кабот, главен директор за човечки ресурси стана вирална на социјалните мрежи.

Но освен што Бајрон остана без работа цсената во која се гушка со својата колешка стана причина неговата сопруга, Меган Кериган Бајрон, да  го отстрани неговото презиме од своите профили на социјалните мрежи, а потоа ги деактивираше сметките.






Сцената стана и популарна за пародии, а една таква се појави на  видео-бимот на натпреварот помеѓу Филаделфија Филис и Лос Анџелес Анџелс.

Маскотата на Филис, Фили Фанатик, решила да направи своја пародија на тој вирален момент „бакнување со камера“. Фили Фанатикот беше „фатен“ пред камерите додека разменуваше нежности со својата партнерка, а нивните срамежливи обиди да се сокријат предизвикаа лавина од смеа кај гледачите.

Маж во публиката кој го држеше знакот „Ова е мојата сопруга“ насмеа многу луѓе. Камерата го фати како ја прегрнува и го држи транспарентот високо, за да нема забуна.

Поврзани содржини